речник контакт

Во Караслари пронајден празен џип, се претпоставува дека превезувал мигранти

Полицијата се сомнева дека станува збор за трговија со луѓе или криумчарење на мигранти

Петар Печков

Вчера утро бркотница со автомобил низ селото Караслари ги вознемири жителите.  Околу 8 ч. со голема брзина јурејќи по локалниот пат, автомобил марка „порше“ џип со германски регистарски таблички заминал кон повисоките делови на Караслари.

„Низ селото мина автомобил  со голема брзина, кој дојде од автопат и продолжи натаму.  По некое време дојде и полиција, која го одзема напуштеното возило. Што беше работата, може  само да претпоставуваме“ - велат жителите на Караслари.  

На поставеното прашање од ТрМр, што се случувало вчера претпладне во селото, од СВР Велес објаснија дека има случај на трговија со луѓе или криумчарење мигранти.


„На 14-ти септември  околу 11 часот по претходно добиени сознанија во атар на село Караслари, велешко, од полициски службеници е пронајден автомобил „Порше Каен“ со германски регистарски броеви за кое постојат основи на сомнение дека е предмет на кривично дело по член 418 од Кривичниот законик“ - соопшти Верољуб Додевски, порптарол на СВР Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »