речник контакт

Во Командата за обука на АРМ во Велес стартува напреден курс за подофицери

Во Центарот за индивидуална обука (ЦИО) кој е во склоп на Командата за обука на гарнизонот на АРМ во Велес неделава стартува напреден курс за подофицери.

Петар Печков



Курсот кој ќе трае до 14 април годинава го посетуваат 37 слушатели односно подофицери од сите единици на АРМ во земјава. Целта на курсот е тие  да се оспособат за заменици командири на водови спорад НАТО стандардите, истакнува  полковник Трајанчо Петровски, командант на ЦИО.

-Радува фактот што на овој курс се избрани најдобрите подофицери од сите единици  на АРМ  и овој напреден курс за подофицери  ќе биде  најдобар начин за   побрз развој на  нивните  војнички кариери во АРМ, истакнува Петровски.

Курсот се реализира  во два дела, теоретски и парктичен. Преку  курсот  подофицерите  ќе се запознаат со темите од менаџмент со обука, комуникацирање, воено одлучување, како и теренски вежби во кои слушателите го покажуваат својот лидерски квалитет. Наставата ја изведуваат инструктори  од ЦИО, а меѓу нив и првиот подофицер на Центарот, заставникот Љупчо Стојков, кој во оваа работа има 20-годишно искуство. Тој истакнува дека часовите се замислени преку интерактивна настава при што доаѓа до размена на искуства и знаења меѓу самите слушатели подофицери кои го следат курсот.

Во Командата за обука, пак, велат дека големо внимание посветуваат токму  на усовршување  на овие курсеви за подофицери   зашто  токму  подофицерскиот кор е столбот е на АРМ, на што посебно  внимание посветуваат и армиите членки на НАТО кон што  се стреми и АРМ

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »