речник контакт

Во Куманово отворена изложба на стрип изданија на Стрип центарот на Македонија

Порано немаше стрип цртачи, сега нема авторите каде да ги објавуваат стриповите

Петар Печков

Во Изложбениот салон во Центарот за култура "Трајко Прокопиев" во Куманово, синоќа беше отворена изложбата на печатени стрип изданија, организирана од Стрип центарот на Македонија, со седиште во Велес. На изложбата се застапени 25 стрип автори од Македонија, Целта на изложбата е афирмација на стрипот во Македонија,  како и негово претставување пред пошироката јавност, во ерата кога дигиталното време ги заменува печатените изданија.

Се сеќавам дека мојата љубов кон стрипот започна уште од основно, кога имаше во "Наш свет", "Развигор" дури и цели страници за стриповите. Многу сакав да научам да цртам, ама немаше од кај, немаше стрип центри. Пред 20 години видов како функционира стрипот во Франција, Белгија, Јапонија, Америка, па си реков зошто не и во Македонија. Се' започнува со идејата.  Со група ентузијасти го почнавме реализирањето и еве не' сега, со 50-тина стрип автори. Лошото е само тоа што нема кај да се објавува и кој тоа да им го плаќа на стрип авторите. Но, јас сум оптимист дека работите ќе се сменат - рече Ване Трајков, извршниот директор на Стрип Центарот на Македонија.

Трајков им се заблагодари на кумановците за посетеноста, рече дека тие секогаш имале осет за уметноста, и се надева дека ќе може да направи изложба само со стрип автори од Куманово.

Стрип центарот на Македонија во Велес е формиран 1995 година со цел да го оживее и афирмира стрипот во Македонија, а неговата успешна приказна и до ден денес е борба со ветерници. Сепак, успева да отпечати 16 броја на стрип списанието "СТРИП АРТ", 25 броја на стрип магазин "КРЕАТОР", успешно прави групни како и поединечни изложби во градовите во Македонија и надвор од државата. Организира стрип работилници, континуирано овозможува контакти на македонските стрип автори со стрип авторите од другите држави. И  Ване Трајков, како волонтер и на 61 годишна возраст, се' уште се бори за стекнување на подобри услови за делување на македонската стрип култура.

Изложбата ќе трае до 25-ти септември.

фото и текст Куманово њус

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »