речник контакт

Во Ликовен салон групна изложба на млади уметници од Велес (фото)

Десет уметници се претставија со свои дела, изработени во различни техники

Петар Печков

Ликовниот салон, како ретко кога беше исполнет на отворањето на изложбата на група млади уметници од Велес.  Десет уметници се претставија со свои дела, изработени во различни техники.  Сите тие беа едногласни, дека ова беше можност да се претстават пред своите сограѓани.

 Имаше повеќе обиди да се собереме младите уметници, четири - пет години  наназад беше не успешно,   еве конечно тоа ни успеа. Ова е најмладата генерација на уметници од градот, има и учесници кои се сеуште студенти, кои доправа ќе дипломираат. Сите сме од Велес и еден кочанчанец кој работи во градов - рече   Елена Димова Пантелиќ  организатор на изложбата.   На неа се претставија  Пале Јовановска, Кристијан Тодоров, Кристина Александриски, Васил Гаврилов, Дејан Делов, Наташа Ќулавкава Делова, Елена Димова Пантелиќ, Владимир Симеонов, Драганчо Таневски и Димитриј Михајловски. За изложбата на отворањето говореше директорката на Народниот музеј од Велес, со чија соработка е организирана.  

Кога станува збор за изложба во која се вклучени повеќе автори, тешко е да де даде сеопфатен критички осврт.  Меѓутоа од историска перспектива оваа изложба го покажува потенцијалот, сликарскиот порив и уметничкиот ракопис на генерациите уметници кои штотуку започнуваат или само што ги направиле првите чекори  во уметноста.  Секое дело претставува сегмент од големата слика на велешката уметничка иднина - кажа директорката Анита Василкова Мидова. Таа  посака изложбата да стана традиционална.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »