речник контакт

Во Ликовниот салон отворена изложбата на Коле Манев, „Спокој-неспокој“

Авторот се претставува со 40 дела

Петар Печков

Вчеравечер во Ликовниот салон во Велес беше отворена изложбата „Спокој-неспокој“ од авторот Коле Манев. На 40-тина дела во масло на платно и дел од најновото творештво масло на хартија.  

Авторот се преставува пред велешката  публика со дел од различни фази и периоди на неговото творештво. Има дела кои се создадени пред 15  години, до некои од оваа година. Мотив е жената.

„Жената е центарот на светот, таа симбол на постоењето на светот. Има поврзаност со идејата на Адам и Ева. Таа го симболизира семејството, минатото, иднината. Кога ја поставуваме изложбата една слика постојано се откачуваше и паѓаше. Некој ми рече дека  тоа значи јас му должам на Велес. Во овој град  како дете и млад, доаѓав на гости кај мојата сестра, тука се моите внуци и затоа оваа изложба му ја посветувам на Велес “ - кажа авторот Манев.

На неговите изложби секогаш освен има и едно дело со стара градска архитектура. Така беше и во Велес, каде се престави со мотиви oд Воден.

Откако истата беше преставена во Скопје Битола и Манев  рече дека со тоа завршува преставувањето во земјава по што би ја претставил во странство.  Промотор беше Василис Папас, поет од Грција, кој во два наврати има гостување на „Рациновите средби“ во Велес.  

„Кога во некој каталог ги видов делата на Манев, се восхитував на неговата работа.  И за мене тој е еден од најзначајни уметници во Северна Македонија но и на Балканот. Иако во неговите дела на оваа изложба една е темата, тоа покажува колку е комплициран неговиот живот“ - рече Папас.

Двајцата автори имаат издадено заедничка книга. Папас има во неа објавено  поетски песни преведени на македонски јазик и илустрација цртежи од Манев.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »