речник контакт

Во Ликовниот салон е отворена изложбата на тројца кавадаречки уметници (фото)

На изложбата се претставени 41 дело, изработено во различни техники, тематиката е од Тиквешијата

Петар Печков

Во Ликовен салон  во Велес, е отворена  ликовната изложба   „Реализам наспроти  апстракција“ - на тројца кавадаречки уметници, академски сликари  Киро Јосифов, Горан Боев и Лазар Дојчинов. 

Тројцата уметници, академски сликари  и се добро познати на публиката, имаат зад себе остварено богато ликовно творештво, создавајќи дела секој во својот ликовен свет, за што зборуваат големиот број на  ликовни  изложби дома и во странство.

 „Оваа изложба е врв на творештвото на тројцата уметници, бидејќи работат долги години во ликовната уметност. Имаат богато ликовно творештво имаат зад себе голем број ликовни дела,. Секој работи во својот свет на ликовно изразување, имаа свој свет, користат различен жанр и техники. Нив ги спојува кавадаречката нишка, тамошната традицијата, на боемски живот и живеење. Тоа се рефлектира во нивните дела, иако имаат свој сопствен правец “ -кажа Цветанка Тодоровска Митревска, промотор на изложбата.

На изложбата се претставени 41 дело, изработено во различни техники. Тематиката е од Тиквешијата, винова лоза и нејзини производи. Имам и теракотни производи, садови, кои одат со вино и грозје. Имам и афион, кој на времето го имаше многу во овие краишта. Барем традиција да остане на платно“ -    рече авторот Лазар Дојчинов кој се претставува со девет акварели и 11 акрил на платно.  

Во 2021 во Кавадарци тројцата автори го формираат  Здружението „Роднокрајци“ – љубители на културата и уметноста промовирајќи ја културата  и културното наследство, уметноста и традицијата пред се  на Кавадарци, но и  ликовната  уметност.

 „На сликите се фигуративни композиции Имам тема коњи, мајка со дете, гроздобер, слики од животот“ - рече  Горан Боев

Ова нивно претставување  е сублимат на творештвото создавано  во последните две години  каде што тројцата уметниците во за нив препознатлив стил на изразување  ги изнесуваат  на ликовното платно  своите доживувања  и  сфаќања  за  она што е околу нив.

„Се претставувам претежно со пејзажи.  Тиквешијата изобилува со вода, шуми, сонце. Иако омилена боја ми е жолтата, кога во Тиквешијата е се жолто, среде лето, овде се претставив со дела каде преовладува пролет“ - изјави    Киро Јосифов

Изложбата е дел од годинешната програма на Дом на култура  Мирка Гинова Демир Капија и Музеј Демир Капија. Изложбата е целосно финансирана од Министерството за култура  како проект од национален интерес за 2022 година.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »