речник контакт

Во Ликовниот салон изложба на мозаици на ореово дрво од Ташко Ташковски

До четврток пред велешката јавност се 30 мозаици на единственито автор мозаик во дрво во Македонија

Петар Печков

Во ликовниот салон се поставени 30-тина оригинални мозаици од ореово дрво кои ја отсликуваат велешката староградска архитектура и го откриваат талентот на Тошковски кој со оваа техника започнал да се занимава од 2007 година.

Ова е моја втора самостојна изложба, но прва во Велес, а во изминатиов период откако се занимавам со изработување на мозаици имам учествувано на последната сликарско-копаничарка колонија „Папрадишки мајстори“, истакна, Тошковски.

Процесот на создавање на мозаикот е прилично долг и макотрпен, ситните парчиења ореово дрво е потребно да се чуваат 3 години, а по завршувањето на мозаикот сликата се прекрива со бел восок. Во зависност од големината на мозаикот зависи и изработувањето на истиот па така некогаш се потребни три дена, а некогаш и три месеци за да се заврши едно вакво уметничко дело.

Тошковски е роден 1945 година во денешен Узбекистан, а од 1959 година живее и работи во Велес. Желбата да изработува мозаици е самоиницијативна, тој е лаик кој што носејќи се од умешноста на велешките копаничари, самиот ја развива тајната на ореовото дрво и создава мозаици со мотиви од старата македонска архитектура при што досега има создадено преку 50 мозаици.

Промотори на изложбата беа: Атанас Крлевски и Илко Стојановски кои секој од свој агол проговорија за уметничкиот израз на Тошковски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »