речник контакт

Во Лозово не можеле авионите да дејствуваат против градот, оти било ноќе

Министерот Николовски ги повика општинските комисии веднаш да излезат на терен и да почнат со проценка на штетите, за што побргу да бидат доставени до Владата и да бидат исплатени средствата за отштета

Петар Печков

Министерот за земјоделие Љупчо Николовски во посета на општина Лозово, кое во два наврати за три дена имаше природни непогодни. На 25 мај силен ветер кој уништи дел од инфраструктурата а на 28 мај градот оштети дел од земјоделските култури.  

Тој соопшти дека радарските центри Тополчани и Ѓуриште редовно ги следеле градоносните облаци и врз основа на параметрите од радарската контрола, при што викендов  биле активирани воздухопловите за авионско засејување на градоносните облаци.

„Викендов се  дејствуваше со авионско засејување.  Од УХМР вкупно со  396 палки е дејствувано  врз градоносните облаци, и со навремената реакција спречивме појава на град на повеќе од 80% во регионите. Да не беа овие дејствувања од страна на авионите низ целата држава ваквите штети како Лозово ќе беа на многу повеќе места“ - кажа Николовски.

Штетата во Лозово, истакна министерот, е последица на тоа што невремето се случило во доцните ноќни часови, а тоа е период во кој авионското дејство е невозможно од безбедносен аспект за пилотите.

Николовски ги повика општинските комисии веднаш да излезат на терен и да почнат со проценка на штетите, како и со подготовка на елаборатите, за што побргу  да бидат доставени до Владата и да бидат исплатени средствата за отштета.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »