речник контакт

Во Македонија има 400 илјади автомобили, просечна старост им е 18,7 години

Во 2016 година има 37 електрични возила во Македонија, изедначен е бројот на дизел и бензински возила

Петар Печков

Македонија има стар возен парк со просечна старост на возилата од 18 години. Половина од регистрираните возила користат дизел гориво, додека од 218.544 возила со бензински погон, пренаменети на гас и метан се само 12 илјади возила, или само 2,6 проценти од возилата. Владата најави субвенции за инсталирање уреди на гас во возилата, но предвидува да бидат искористени само за 1.200 возила.

Емисијата на цврсти честички при согорување на пропан бутан или метан е речиси нула

Конверзија на погонските мотори на возилата, посочува Димитровски, е можна и кај бензинските и кај дизел-моторите, со тоа што бензинските мотори може многу лесно да поминат на метан или пропан бутан и тоа не е прескапа метода, додека кај дизел-моторот се прави конверзија, но и понатаму е потребно да се користи и дизел и гасно гориво.

Во Македонија има над 400 илјади регистрирани автомобили со просечна старост од 18,7 години. Од нив, над 80 отсто се постари од десет години, а речиси половина користат дизелски погон.

Податоците од МАКСтат базата покажуваат дека просечната старост на патните моторни возила во Македонија е зголемена од 18,4 години во 2016 на 18,7 години во 2017 година, додека во истиот период и бројот на автомобили е зголемен за осум илјади од 395 илјади во 2016 на 403 илјади во 2017 година.

Најголем дел автомобили 84,1 отсто се постари од десет години, што во однос на 2016 година е зголемување од околу два процента од 81,8 отсто. Вкупниот број автомобили до пет години изнесува десет илјади, или 2,5 проценти од вкупниот број возила и во 2016 и во 2017 година.

Забележително е дека со растот на бројот на возила во Македонија и дозволениот увоз на половни се менува и процентот на застапеност на дизел возила во однос на бензинските. Така, во 2012 година од вкупно 301 илјада автомобили на дизел биле помалку од една третина, или 92.799 автомобили. Таа бројка е во постојан раст, и во 2016 година во Македонија има вкупно 192.816 дизел автомобили, што е речиси половина од вкупниот број автомобили и се изедначува со бројот на бензински возила, што изнесува 197.880 возила.

Во истиот период, бројот на бензински автомобили е речиси стабилен, со тоа што има минимално зголемување на бројот на автомобили што користат бензин и гас, односно од 9.501 возило во 2012 година, на вкупно 11.445 возила во 2016 година. Бројот на електрични возила, иако незначителен, е намален во овој период, па така од 41 електрично возило во 2012 година, во 2016 година има 37 електрични возила во Македонија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »