речник контакт

Во Младински парк бесплатно поделени две илјади талби јајца

Во овој период во Младинскиот парк, имаше забава за децата два замоци на надувување, каде тие можеа да играаат

Петар Печков

Во Велес, во Младинскиот парк, денес, недела  бесплатно беа поделни две илјади табли со јајца, или 60.000 јајца наменски за Велигден. Оваа донација беше од страна на двајца велешани кои живеат и работат во САД и имаат компанија за камионски превоз на стока.

„Целта ни беше   граѓаните да можат да ги почувстуваат радостите на Велигден. Би сакале да го пораснеме во традиција,  со повеке компании за поголем број граѓани во наредните години“ – соопштија организаторите, од компанијата Шилер.

Граѓаните трпеливо во редица чекаа да подигнат табла јајца, која на пазар чини 300 денари. Со неа добиваа и кесичка фарба за вапсување. Ова е втора година како се организира ваква  акција. Во овој период во Младинскиот парк, имаше забава за децата два замоци на надувување, каде тие можеа да играаат.  Активноста на донација на два илјади табли јајца била одобрена од Митрополитот на Повардарска епархија, Владиката Агатангел.

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »