речник контакт

Во Младински парк одбележан 7-ми мај Денот на Македонската полиција (фото)

На јавноста и беше изложен дел од опремата со која располага МВР

Петар Печков

Во Младинскиот парк  се одржа дел од содржините за чествување на 7-ми мај, денот на македонската полиција.  Тоа се организираше  во повеќе градови низ државата- Струмица, Крушево, Струга и Крива Паланка.

На јавноста и беше изложен дел од опремата  со која располага МВР.  Гостинка беше државната секретарка Магдалена Несторовска а нејзин домаќин беше началникот на СВР Велес Славчо Бојковски и заменик градоначалникот Коста Нојков. 

Присутните може да ги видат припадниците на Единицата за брзо распредување и Тигрите, како и опремата со која располагаат, потоа Граничната полиција со дневни и ноќни апарати за посматрања, термална камера.

Тука беа и припадниците на СВР Велес со штандови  со опрема која тие ја користат при секојдневната работа, при увиди, криминалистичко- технички вештачења, при увиди на кражби и имотни деликти,  алколизираноста на возачите,  мерењето на јачина на звукот.

Беа претставени и сите возила, со кои овие организациски единци располагаат.  Присутните ги забавуваше велешката група „Д Чикс“. 

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »