речник контакт

Во Нежилово, Бистрица и Ореше вакцинирани 32 лица

Утре започнува вакцинацијата во Општина Градско, се вакцинира во селата Кочилари, Ногеавци, Водоварати и Виничани а во Општина Лозово во Милино

Петар Печков

Со посетата на трите села од регионот на Азот, Бистрица, Нежилово и Ореше, заврши вакцинацијата за заштита од ковид-19 со прва доза во Општина Чашка.

Денес екипа на Здравен дом Велес, пуштила 32 вакцини, во  Нежилово 16, во  Бистрица 12 и Ореше 4. Вкупниот број на вакцини аплицирани во 24 населени места за осум дене се вкупно 508.

Од утре се продолжува со теренска вакцинација во Општина Градско. Први ќе бидат посетени селата  Кочилари, Ногеавци, Водоварати и Виничани.  

Денес  екипата на Здравен дом Свети Николе го посети селото Ѓуземелци, каде требаше да се продолжи со теренската вакцинација за Општина Лозово, но таму ниту еден граѓанин не дошол да се вакцинира. 

За утре е предвидено да  се вакцинираат жителите на село Милино.  Во населба Лозово, пред десетина  дена се вакцинираа 42 лица.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »