речник контакт

Во ОУ Џинот изведена форум драма Животот е убав, сакам да го живеам

Како учениците да се заштитат од пороците на современото живеење

Петар Печков

 Во  ООУ ,,ЈХК Џинот“ Велес, во склоп на одбележувањето на Патрониот празник на училиштето, се изведе психолошка работилница форум драма на тема ,,Животот е убав - сакам да го живеам!“   Таа е во организација на Клубот за превенција од зависности, во координација на училишниот психолог Мимоза Давчева.

Активни учесници во Форум драмата беа група ученици од училиштето организатор, како и гости ученици од ООУ ,,Благој Кирков.“ Свое интерактивно учество земаа и родителите и наставниот кадар. 

Форум драмата  е мала кратка изведба на психолошка драма која доловува еден актуелен социјален проблем – пороците, кој е во фокусот на иницираната дискусија, истакнувајќи ги одредени човечки дилеми. Таа е инструмент за здружена потрага по решенија во тешки животни ситуации. Оваа форум драма беше насочена за развој на личноста на учениците во духот на толеранција и разбирање. До родителите беа упатени пораки и смерници како да ги заштитат своите деца од употреба на дрога, алкохол, пушење и други актуелни пороци  – вели координаторот психолог Мимоза Давчева. 

Присутните родители добиле флаери на кои се презентирани можни причини за да еден млад човек да започне да експериментира и да влезе во светот на пороците, како и последиците од тоа.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »