речник контакт

Во Општина Чашка собрани 64 илјади денари помош за настраданите од земјотресот во Албанија

Акцијата ја спроведоа Општинскиот Црвен крст на Велес и Општина Чашка

Петар Печков

Заврши хуманитарната акција која во изминативе денови се реализираше за помош на настраданите во земјотресот во Албанија.

Хуманите граѓани даруваа 64.330 денари. Овие средства преку Фондот за солидарност ќе бидат наменети за најпогодените во катастрофата. 

Акцијата ја реализираа волонтерите на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес со помош на Општина Чашка.

Во овие средства се вклучени и тие што се собраа од минатонеделната викенд акција, кога на плоштад Сармаале се собираше помош од велешани, наменета за настраданите од земјотресот во Албанија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »