речник контакт

Во Основен суд Велес изречени 15 казни за поединци кои се движеле во време на полициски час

Обвинителството бара да се прогласат за виновни нови седум лица а велешката полиција поднесе кривични за други шест лица, меѓу нив и двајца малолетници

Петар Печков

Основен суд Велес, во периодот од 21 до 28-ми април донел 15 пресуди, поради прекршување на полицискиот час.  Исто  на толку лица кои биле обвинети, се огласени за виновни и  им е изречени парична казна од по 40 дневни глоби по 20 ЕВРА за една дневна глоба, односно вкупен паричен износ од по 800 ЕВРА во денарска противвредност.

Обвинетите  за време на пандемијата како епидемија од глобални размери не постапиле според прописите за забрана на движење на територија на Македонија. На сите им  е  издаден казнен налог со кои обвинетите се огласени за виновни за сторено кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. 

Основното јавно обвинителство Велес од Основен суд Велес  поднесе предлози за издавање казнен налог за седум лица, за сторено кривично дело „Непостапување според здравствени прописи во време на епидемија“  Обвинетите не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење, донесена со цел да се спречи ширењето на корона вирусот. Надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Велес му предложи на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 40 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.

СВР Велес поднесе шест кривични пријави против С.М.(25), М.Н.(19), А.Ш.(20), Д.З.(32), четворицата од Велес и двајца 16-годишници од Градско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените, во периодот од 20.03.2020 до 28.04.2020 не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »