Петар Печков
Објавено: вторник, 09 јуни 2026
Понеделикот ноќта во пожар во кавадаречко село, се запалило возило а од него земјоделски машини. Деталите од информацијата на велешката полиција.
„На 8 јуни во 04:50 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во село Паликура, росоманско, во двор од семејната куќа на С.Ј.(55 год) од Скопје настанал пожар на патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, кој се проширил и зафатил помошни простории, трактор „фергусон ИМТ 539“, приклучна механизација и други предмети“ – соопштија од СВР Велес.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Кавадарци. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
фото ТППЕ Кавадарци
| Tweet |




