речник контакт

Во Самобор одбележана 86 годишнина од издавањето на стихозбирката „Бели мугри“

На спомен бистата пред Музејот на градот, положено цвеќе

Петар Печков

Македонците од Хрватска го одбележаа 25 ноември денот на издавањето на  стихозбирката „Бели мугри“ на Кочо Рацин и 86 година од издавањето. Нивната почит беше искажана со полагање венци во градот Самобор Хрватска, каде таа е издадена. Пред Музејот на градот има спомен биста, каде се чествува делото на бесмртниот Рацин. Настанот е организиран од  Заедницата на Македонците во Хрватска и Македонското културно друштво „Охридски бисер“ од Загреб.

Цвеќе положи  Драган Ѓурчевски, амбасадорот на Северна Македонија во Хрватска, а во име на Град Самобор, венецот го положи Маријан Кизлин од Управниот оддел за општествени дејности. На настанот беше и директорката на Македонскиот културен центар во Загреб Мими Ѓоргоска Илиовска. 

Програмата  продолжи попладнето во Музејот со предавања за животот и делото на Рацин, на кој зборуваше Васил Тоциновски, како и работилници на македонски јазик за возрасни и културно-уметнички активности.

 фото: ФБ Радио Самобор

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »