речник контакт

Во Самобор одбележани 77 години од издавањето на ,,Белите мугри,,

Македонците во Хрватска не го заборавија Рацин

Петар Печков

Минаа  77 години  од кога македонскиот поет Коста Солев на 25 ноември 1939-та   ја издаде  неговата збирка песни  ,,Бели мугри,,  во Самобор Хрватска. Токму таму изминатиот викенд, во паркот во овој Хрватски град    се собраа Македонците од Хрватска, но и нивните домаќини и пријатели да оддадат почит на поетот  и револуционер.  

Пред бистата на Рацин  се читаше негова поезија, се положи цвеќе од страна на Заедницата на Македонците во Хрватска и од страна на градот Самобор, кои заеднички ја организираа оваа свеченост.  За делото на поетот говореше проф. др. Васил Тоциновски.

Долги години трае  искреното и непоматено пријателство меѓу Македонскиот и Хрватскиот народ. Посебно место за Македонците зазема Самобор каде   се отпечати книгата Бели мугри,  со несебична и  голема помош во  печатницата сопственост на Драгутин Шпулер. Таа е отпечатена во 4 илјади примероци тираж, но остави силен траг во македонската културна и национална историја – изјави Тоциновски.  

Тој зборуваше и за учеството на Македонците во  Шпанската граѓанска војна.  Свој настап имаа и членките на македонското друштво ,,Охридски бисери,, од Загреб кои испеаја неколку стари  македонски песни.  

Почитта на градот Самобор кон Рацин и Велес е голема и сериозна, така пред пет години  поставена е биста во тамошниот парк а лани еден мост во Самобор  го доби името по збратимениот Велес. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »