речник контакт

Во Сарамзалино беше блокиран сообраќајот Велес- Штип, револт од предлогот за решавање на македонскo-бугарскиoт спор

Еден час, од 13 до 14 часот, беше блокиран патот Велес - Штип

Петар Печков

Со пладневна блокада на магистралниот пат Велес- Штип, кај село Сарамзалино, се протестираше против францускиот предлог за решавање на македонско -бугарскиот спор и за почеток на преговорите за влез на Македонија  во ЕУ.  Мотото на протестот, кој од пред државните институции, се префрли на сообраќајниците во земјава е „НЕ за ултиматумот“.  

„Со овој предлог сакаат да се направи една асимилацијата, едно непочитување кон македонскиот народ. Ние сме тука сите заедно да кажеме НЕ, НЕ и НЕ. Ова што сакаат да го направат е директно мешање на внатрешните интереси на Македонија, на она што ни е идентитет. Треба да се менуваат учебници, сакаат да ни ја сменат историјата, Уставот, а ние не сакаме такво нешто“, кажа Владо  Мисајловски пратеник и потпретседател  од ВМРО – ДПМНЕ.

Според него  денешниот револт не е од партија и поделености, туку со сплотеност на партии и граѓани кои јасно го искажуваат своето незадоволство и противење на предлогот. На протестот имаше и членови и поддржувачи на политичката партија Левица.

 „Борбата против омаловажувањето на Македонија и негирањето на македонската посебност, историја и јазик, кое го спроведуваат наши политичари на барање на Бугарија, нè води кон враќање на меѓународното и домашното достоинство на Македонија“- кажаа од Левица.

Еден час беше блокиран патот Велес - Штип, се пропуштаа болнички возила, како и граѓани на кои им беше потребна лекарска помош. Во периодот од 13 до 14 часот блокади имаше на повеќе локации низ државата. Блокирани беа и сообраќајниците пред Собранието и Владата и на делниците  Плетвар – Прилеп и Струмица – Радовиш.

Од МВР по денешните протести соопштија дека „Блокирање на автопат е спротивно на законот“.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »