речник контакт

Во Сарамзалино започна со работа биогасна електрана, трета во државава

Инвестицијата е 12 милиони евра, на три фирми Фероинвест од Скопје,Агриа од Велес и АСП ПАК од Охрид и може да произведува струја за 15 илјади домаќинства

Петар Печков

Неколку месеци како е во функција новата, трета по ред во Македонија биогасна електрана  Сарамзалино ,„Био Ентерпрајз“. Лоцирана е во близина на село Лозово во Овче Поле. Таа е инвестиција на три компании, Фероинвест од Скопје,Агриа од Велес и АСП ПАК од Охрид,  вредна 12 милиони евра. 

Таа апсорбира органски отпад житарки, силажа, отпад од свињарски и краварски фарми, расипано млеко, вино, пиво, лушпи од пиперки, отпад од преработка на градинарски производи, отпад од преработка на грозје од винарии, отпад од млекарска индустрија. Секако и комунален отпад од градовите, доколку правилно се селектира, се однесува на органскиот.

„Енергетската транзиција кон обновливи извори е добра само ако изворите се разновидни. Не може да имате енергетска транзиција само ако имате фотофолтаици, само ветерни електрани, само биогасни, само хидроелектрани. Сите тие произведуваат електрична енергија во различни делови од денот.  Единствено биогасната електрана може да произведува 365 дена по 24 часа. Во пракса комбинација од сите обновливи извори на енергија е добра  транзиција“- кажа Кочо Анѓушев, сопственик на Фероинвест.

Електраната се градела две години, произведува 17 милиони киловат часови, заштедува емисија од 16 милиони јаглерод двеоксид и заштедува да не бидат исечени 700 илјади дрва во шума. Биоелекраната е најголемиот  чистач на органскиот отпад  во општеството, има нуспроизвод електрична и топлотна  енергија, чист хумус,  течност за поливање на обработливи површини. Електраната произведува струја за 15 илјади семејства.  Топлинската енергија може да се користи за загревање на оранжерии.

„Најголем мотив што Агриа влезе во оваа инвестиција е да се сопре загадувањето. Како најголем производител не свинско месо во Македонија, кога доаѓаме во ситуација, да го решиме отпадот. Затоа планираме и изградба на уште една биоелектрана, во близина на нашата фарма во Таринци. Останува во иднина да го решиме и проблемот со отпадот од калниците, но на пат сме и тоа да го решиме во следните 12 месеци“ - кажа Перо Колевски сопственик на Агриа.  

Биоелектраната близу Лозово е со  најсовремена технологија, иста каква што имаат биоелектраните во кој инвестира  Принцот Чарлс, сега Кралот на Велика Британија.

Директорот на биолектраната Сашко Миланов  кажа дека таа вработува осум лица.

„Органскиот отпад кој го создава биогасната електрана во иднина ќе го намали трошењето на минерални ѓубриво, за што се увезно зависни, бидејќи се добива органско ѓубриво, кое се користи за обработливите површини“   - рече  Спасе Спасевски сопственик на АСП ПАК, кој рачно плетени пакувања за зеленчук и овошје. Имаат фотоволтаици и хидро-елетрани.

Предвидувањата се дека земјата која во околината на биоелектраната е 3-4 категорија, со поливањето на течноста нус производ од неа, за неколку години ќе биде од прва категорија. Во Македонија прва биогасна електрана е на Везе шари во Тетово, втората е во Пелагонија.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »