речник контакт

Во Стоби вечерва, премиера на „Орестија“ претстава на велешки театар и Националната опера и балет

Претставата ја потготвуваа четворица режисери, двајца кореографи, тројца композитори, со учество на актери од велешки театар, дел од хористите и балетскиот ансамбл на НОБ

Петар Печков

Вечерва  во 21 ч. со премиерата на претставата „Орестија“ во траење од три часа, започнува Фестивалот на античката драма „Соби“.  Таа е копродукција на Велешки театар и Националната  опера и балет. За прв пат на сцената во земјава се поставува „Орестија“ на Есхил.  Претставата ја потготвуваа четворица режисери, двајца кореографи, тројца композитори.

„Претставата е изградена од четири претстави, оригиналните три трагедии, кои ја чинат трилогијата,  заедно со сатирската игра која била загубена.  За потребите на оваа продукција е реконструирана. Ја обновивме според нацртите кои ги имавме и  таа е некој вид сврзно ткиво, кое ги поврзува трите трагедии во една целина“ - кажа Сашо Димоски, директор на велешкиот театар.  

Во претстава учествува и дел од хорот, дел од балетскиот  ансамбл на НОБ, како и дел од  актерите на велешки театар.  
 „Се вклучивме во проект,  иако  драмата  не ни е основна форма   преку која се изразуваме. Сепак решивме да влеземе во експеримент  и заедно со велешки театар да создадеме маркантно уметничко дело. Втора причина зошто учествуваме  е да бидеме лидер во создавање на меѓу институционални соработки, за вака комплексни дела да бидат изведени и кај нас, во Македонија“ - кажа  Евица Тасеска Каранфилова програмски директор на НОБ.

„Орестија„  ќе се одигра во локалитетот Стоби на просторот од Теодосијанската палата, со присуство на 200 гледачи. Амфитеатарот и оваа година се реконструира, па поради безбедноста на гледачите, пронајден е алтернативен простор за да биде изведена.  

Првиот дел на „Орестија“ - „Агамемнон“ е во режија на Александар Ивановски, музиката е на Калиопи Букле,  вториот дел „Надгробно жртвување“ е во режија на Ненад Витанов, музиката е на Енес Беговски, кореограф е Олга Панго. Третиот дел од трилогијата „Фури“ е во режија на Софија Ристевска Петрушева, драматург е Билјана Крајчевска,  кореограф Саша Ефтимова, избор на музика  на Сашко Костов.   Сатирската игра која ги поврзува трите трагедии е во режија на Дејан Дамјановски, драматург е Катерина Момева, кореограф Саша Ефтимова, изведувач на музиката во живо е Сашко Костов. Костимограф на сите чети дела е Раде Василев.

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »