речник контакт

Во Третата лига, на коло пред крајот нема промени на врвот, ФК Превалец и ФК Борец зад лидерот ФК Големо Коњари

Пораз за футсал екипата на КМФ Кеги моби во Првата лига

Петар Печков

Во Првата футсал лига, пораз за КМФ Кеги моби дома во салата Гемиџии од екипата на КМФ Шкупи со 4:7. По ова коло велешани имаат по три победи и четири порази.  Во следното коло гостуваат на составот на КМФ Црна река.

Победи за ФК Превалец и ФК Борец, пораз за ФК Локомотива во Третата фудбалска лига Југ. Во претпоследното  10 коло, ФК Превалец дома со уверливи 6:1 ја совлада осмо пласираната екипа на ФК Младост од село Лажани прилепско и остана втор на табелата со бод помалку од лидерот ФК  Големо Коњари со 24 бода. ФК Борец исто така дома даде шест гола на претпоследниот тим од табелата ФК Ултрас од Прилеп со 6:0. Најстариот велешки лигаш и натаму е   трет со четири бода помалку од првопласираниот. ФК Локомотива е 9 од 11 екипи со 7 бода. Во следното коло општинско дерби во Градско, ФК Локомотива игра со ФК Борец а ФК Превалец гостува на ФК Росоман кој е на четвртата позиција со 16 бода.

фото ФБ /ФК Борец

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »