речник контакт

Во Третата лига Југ ФК Превалец го доби локалното дерби со ФК Локомотива од Градско

Победа за КМФ Кеги моби во Првата футсал лига, победа за ФК Борец во Трета лига Југ на гости во Кривогаштани. Резултати од 4 коло на ОФС Велес и табела. Во следното 5 коло се игра дербито на непоразените ФК Илинден -ФК Бабуна

Петар Печков

Во Првата футсал лига,а екипата на КМФ Кеги моби, на домашен терен во салата Гемиџии со 6:4 славеше над екипата на КМФ Осогово од Крива Паланка.  Тоа е втора победа за велешани, прва на домашен терен и три порази во оваа конкуренција. Во следното коло играат во Свети Николе со КМФ Овче поле.  

Во локалното дерби од Третата лига Југ, помеѓу двете екипи од ОФС Велес,  во Превалец, помеѓу ФК Превалец и ФК Локомотива од Градско, славеа домаќините со  3:1. Постариот лигаш ФК Борец во прилепско Кривогаштани победи до 3:4 против екипата на ФК Младост.  По ова осмо коло ФК Превалец е втор со 17 бода, еден помалку од прво пласираниот тим, ФК Борец е трет со 14 а ФК Локомотива е 9 од 11 екипи со 7 бода.  Во следното коло во Велес кај ФК Борец  гостува екипа на ФК Марена која е петто пласирана со 11 бода,  во Градско доаѓа лидерот ФК Големо Коњари а ФК Превалец гостува кај крушевски Бучин кој е последен без бодови.

Се одигра 4 коло од ОФС Велес
ОФС ВЕЛЕС 4 КОЛО
ФК СОГЛЕ -  ФК БОГОМИЛА                  0:1
ФК ЧАШКА -  ФК ГОРСКИ                      1:0
ФК БАБУНА - ФК ТОПОЛКА                    2:0
ФК МЛАДОСТ - ФК МАРТОЛЦИ              0:4
ФК ФОРЦА НОВА - ФК ИЛИНДЕН          0:1
екипата на ФК БАШКИМИ беше слободна


                             Т А Б Е Л А  
1    ИЛИНДЕН (БС)    4    4    0    0    8/1    12
 2    БАБУНА              3    3    0    0    9/2    9
 3    БАШКИМИ (Ј)     3    3    0    0    6/2    9
 4    ЧАКША 2022     4    2    0    2    8/7    6
 5    СОГЛЕ               4    2    0    2    4/5    6
 6    МАРТОЛЦИ        4    1    1    2    9/8    4
 7    БОГОМИЛА        3    1    1    1    5/5    4
 8    МЛАДОСТ          4    1    1    2    3/8    4
 9    ГОРСКИ            4    0    1    3    1/4    1
 10    ФОРЦА НОВА  3    0    1    2    1/4    1
 11    ТОПОЛКА        4    0    1    3    2/9    1

во 5 коло  се игра дербито на непоразените
ФК Илинден -ФК Бабуна

во останатите средби  играат
ФК Горски - ФК Форца нова
ФК Мартолци - ФК Чашка
ФК Богомила - ФК Младост
ФК Башкими - ФК Согле
екипата на ФК Тополка е слободна

фото ФБ/ ФК Превалец

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »