речник контакт

Во Федра се препознавме двајцата

Актерите Облак и Зафирчев се пронашле во текстот како начин на размислување и живеење

Петар Печков

На сцената на велешки театар повторо на репертоарот е претстава ,,Федра,, која премиерно беше изведена во септември на фестивалот ,,Стоби,,.   Таа имаше неколку изведби, се играше и на МОТ во Скопје а деновите  повторно е пред велешката публика.  

Неколкуте слободни денови, кој гостинката од Љубљана Маруша Облак ги имаше, се искористија за ,,Федра,, да биде со три претстави одиграна пак во велешки театар.  Актерката Облак задоволна што повторно ќе ја игра Федра, што и два можност да  се издвои од дневно -политичкиот театар, кој во моментов е актуелен во Словенија.  

Многу сум задоволна од Федра, тоа е жанр кој ретко се подготвува и поставува. Во Словенија сега во мода  се 80-тите години, политичките пароли, духот се бори против капитализмот,  се е поставено на ментален план. Интимниот физички театар во најчистата варијанта, помалку го има. Тој за мене е комплетен театар , каде актерот  пред публиката ги употребува сите негови инструменти, талент, страст и сето тоа го троши на сцена - вели Маруша.

Таа на ,,Младинско,, во Љубљана, моментално имала 9 претстави каде настапува а  најактуелни биле декемвриската премиера ,, Драме принцеза,,  од  нобеловката Елфрида Јелинак   и ,,Павла над препадам,, која  ја виде и скопската публика на  МОТ пред две години. Но иако претставата е од 2013-та, та  била  доста популарна и гледана.  Година дена претходно започна нејзината соработка со велешки театар. 

До соработката помеѓу велешки театар и Младинско  од Љубљана дојде по моето гостување на фестивалот ,,Импакт,,  пред четири годни, подоцна ме поканија  како жири на фестивалот Стоби. По ова дојде и понудата за соработка на велешки театар и Словенско гледалиште, кога веќе имавме одредени  заеднички моменти.   На иницијатива на Васил и мене, ја склопивме копродукцијата  и така настана ,,Федра,,.  Имав претстава во саботата, во неделата дојдов во Велес, останувам до четврток.   Ќе уживам во Македонија и убавото време, наместо да седам во Љубљана  некоја кафетерија и пијам кафе -додаде Маруша.  

Текстот на  ,,Федра,, е ан Сашо Димовски и тој е инспириран од митстакта матрица за љубовта помеѓу млад маж  и возрасна жена, како и пречката меѓу нив која е во фигурата на таткото и сопругот. Или односот на мајка и син, маќеа и посинок.  Маруша Облак во претставата настапува со Васил Зафирчев. Досега претставата е одиграна седум пати, согласно  можностите на двајцата актери.

Ова соработка со Маруша за мене значеше многу и професионално и лично. Многу е ретка можноста за соработка   со луѓе со кој се препознавате на повеќе нивоа. Не само креативни и творечки, туку и животни  како начин на размислување. Така се препознавме со Маруша,  и излезе да создадеме  нешто заедничко и со Алексндар Ивановски како режисер.  Соработката  е важна за нашиот театар, бидејќи Младинско од Љубљана е реномиран култен,  европски театар - рече Зафирчев.

Претставата имала покана за настап на неколку театарски сцена надвор од Македонија а наскоро ќе биде прикажана и во Љубљана -Словенија.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »