речник контакт

Во Чашка гости ученици и наставници од четири држави

Основните цели се промоција на франкофонијата но и на трајни европски вредности, меѓу учениците и меѓу наставниот кадар

Петар Печков

Наредните пет денови Општина Чашка е домаќин на гости, наставници и ученици од четири држави  Италија, Полска, Бугарија и Романија во рамките на проектот Еразмус +, финансиран од ЕУ.  Проектот се применува две години и оваа пролет завршува а настанот во Чашка е последен од активностите.  На гости има 12 ученика и исто толку нивни ментори. 

Ние сме шест партнери од пет држави, бидејќи Чашка и Лозово се од Македонија.  Драго ни е што сме тука и можеме да се запознаеме со убавините на Вашата општина.  Во општината има и мулти етничка интеграција, за што сме посебно заинтересирани. Сакаме да видиме како различните култури се мешаат. Правиме споредба со нашиот образовен систем и да го подобриме истиот - рече Елена Софика Димитрашку координатор  на проектот од Романија.  

Основните цели се промоција на франкофонијата на француски јазик, но и на трајни европски вредности, меѓу учениците и меѓу наставниот кадар. ова подразбира промоција на пријателството, на прифаќање на различностите.  Светлана Стојкова наставник по француски, координатор на проектот за двете училишта во Македонија. 

Учениците денес посетија и грнчарска работилница, па и самите тие пробаа да изработат некој глинен производ.  Беа примени и од градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски.  

Нас ни е чест и задоволство што како општина сме домаќини  на децата и нивните ментори, ќе ги видат знаменитостите , традицијата, културата на нашата општина  - рече Стојановски.  Гостите ќе го посетат историското Горно Врановци, Богомила и други знаменитости кои се на територијата на општината. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »