речник контакт

Во Чашка отворен е Центар за лицата со попреченост

Инвестиција за изградба и опремување на просториите е вредна околу пет милиони денари. Во центарот услуги засега добиваат 12 корисници од општината и вработува шест лица

Петар Печков

Отворен е општинскиот центар за лица со попреченост ,,СРЕЌА" во населба Чашка. Тој ќе ги прими лицата со посебни потреби од општината а засега брои 12 заинтересирани, кои тука ќе минуваат дел од нивното слободно време.

Инвестиција за изградба и опремување на просториите е  вредна околу  пет милиони  денари од кои  4.275.256 денари од буџетот на Министерството за труд и социјална политика  и 700 илјади  денари од буџетот на општина Чашка.
Центарот го отворија  Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, пратеникот од Горно Јаболчиште Мухамед Кадриов и Градоначалникот на општина Чашка  Горан Стојановски.

„Отворањето на еден ваков Центар произлегува од потребите на жителите на општината. Лицата со попреченост остануваат наш приорите во“ - кажа министерката Треневска.

„На територијата на Општина Чашка има 40 лица со попреченост. Се надевам дека овие за почеток 12 лица ќе се зголеми со опфат“ - кажа градоначалникот Стојановски.    

Во центарот  услуги засега  добиваат 12 корисници од општината и вработува шест лица.  
Министерката Тренчевска ја посети и детската градинка ,Бамби" која ја посетуваат 35 деца.

фото ФБ/Горан Стојановски градоначалник Чашка

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »