речник контакт

Во Чашка собрани 28 крвни единици

Петмина од дарителите прв пат дарувале крв

Петар Печков

Во населба Чашка  беше реализирана крводарителска акција, која организаторот Општинскиот Црен крст Велес, ја оценува како успешна.  Собрани биле  28 крвни единици, од нив петмина биле првократни дарители.  

„Акцијата добива на успешност ако се има во предвид дека во овој период од годината има многу земјоделски работи со кои се зафатени граѓаните од Чашка, но и ова е период во кој има масовна вакцинација па дел од имунизираните не можат да даруваат“ - кажа Орце Николов, секретар на ОО н Црвен крст Велес.

Акцијата  е  реализирана со помош на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје,  а се одржа во училишната сала на ОУ „Тодор Јанев“ од Чашка.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »