речник контакт

Во акција за собирање е-отпад собрани 5,8 тони

Велешани покажаа голем интерес, во однос на лани собрани се двојно повеќе

Петар Печков

Во декемвриската акција на собирање на електронски и електричен отпад ппреземена е количина од 5,8 тони, информираа од Општина Велес, која ја спроведе заедно со ЈКП Дервен. Таа годинава се одржа по петти пат и предизвика голем интерес кај граѓаните. 

Лани при истата акција беа собрани 2,9 тони е-отпад или годинава се собра двојно повеќе.   Тој  е предаден на овластениот колективен постапувач „Нула отпад“ ДОО Скопје за понатамошно постапување.

Најмногу од е-отпадот биле собрани тонери - 216,  97 телевизори,  65 кабли и жици, 50 хард диска, 45 мобилни. Акцијата се спроведе од 1-ви ноември до 1-ви декември  и беше бесплатна а велешани максимално ја искористија да се ослободат од е-отпадот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »