речник контакт

Во акцијата Ден на дрвото засадени 50 хектари со багрем

Акцијата за пошумување, која се одржува по седми пат, овојпат беше заедничка на двете соседни општини, Велес и Чашка.Белки акцијата ќе ги надмине ланските очајни 10 отсто зафатени дрвца на ,,несреќно ибрана локација,, .

Петар Печков

Во рамки на пролетната акција „Ден на дрвото -засадија својата иднина“ во месноста Витанци  и Балтарек во непосредна близина на општина Чашка  беа  засадени 50 хектари со  200 илјади багремови дрвца.


Градоначалниците на Велес и на Чашка, Горан Петров и Горан Пановски, кои се вклучија  засадувајќи  дрвца, оценија дека  акцијата  од година во година е се помасовна и мошне успешна, а што се должи на добрата организација и координација на сите вклучени во неа.

А во  акцијата „Ден на дрвото“ учествуваа ученици и наставници од основните и средни училишта од Општина Велес и Чашка, претставници на невладините организации, вработени во јавните претпријатија, јавната администрација, претставници на АРМ од велешкиот гарнизон и граѓани на двете општини.

Шумското стопанство „Бабуна‘‘ навреме го изора теренот и го подготви за садење на дрвцата што помогна акцијата за пошумување да биде мошне успешна - изјави  Гоце  Петровски, директор на Шумското стопанство „Бабуна‘‘ од Велес.

На прашањето зошто акцијата овојпат е малку подалеку од Велес, каде има голи ридови и недостиг на шума, тој појасни дека се одлучиле за оваа локација затоа што во изминатите години се засадувало во непосредна близина на градот, а и овојпат сакале акцијата да биде заедничка на двете општини. Се одлучиле токму за оваа локација која порано била депонија, поради пристапниот терен со цел да се зазеленее и во иднина да биде убава багремова шума во непосредна близина на влезот од Општина Чашка.

Очекувањата се дека нема да се повтори ланската година, кога  пролетта на на парцели околу езерото Младост, кога додје и претседателто Иванов, се засадуваше на приватана парцела за потоа процентот на зафатеност на дрвца да биде 10 отсто а првата година кај Превалец беше мизерни 7 отсто, што се толкуваше како ,,несреќно избрани локации,, .Спротивно на тоа есента во месноста Ветерско имало зафатеност од 80 отсто.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »