Петар Печков
Објавено: недела, 22 ноември 2020
Завршија годинашните истражувањата на јужниот бедем и јужната порта од археолошкиот локалитет Стоби. Стручните лица, археолози предводени од Јован Радњански открија новини, на простор кој не е истражуван една деценија.
Со годинешните истражувања речиси целосно е откриена Јужната порта која претставува втор досега откриен влез во градот. Портата била во функција во периодот од 1-виот до средината на 6-тиот век од н.е., по што била заѕидана од новоизградениот јужен бедем. Истражувањето на јужниот бедем и т.н. Јужна порта на градот фрлија светло на простор од градот кој археолошки не е истражуван 10 години - пишува во информацијата на НУ Стоби.
Археолошките истражувања беа спроведени во периодот од јуни до октомври годинава, во рамки на проектот за конзерваторско- реставраторски работи на јужниот бедем и јужната порта во Стоби. Оваа активност е финансиски поддржана од Министерство за култура во рамките на годишната програма за проекти од национален интерес за културата.
Tweet |