речник контакт

Во велешка Болница активирано е физикалното одделение како ковид центар

Во Кавадарци повторно е отворена монтажната болница

Петар Печков

Во велешката болница  од денес е отворено физикалното одделение, каде ќе се згрижуваат пациентите кои се ковид позитивни. Во оваа здравствена установа  изминатиот период позитивните  беа згрижувано во Инфективното одделение, додека негативните случаи кои имаат потреба од продолжено лекарска нега беа на Интерното. Физикалното одделение беше ковид центар во два наврати крајот на 2020-та и во првата половина на 2021-ва година.  

„На Физикалното одделение од Интерното,  денес се префрлени првите двајца позитивни пациенти со ковид-19. Тоа е активирано поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од болничка грижа. Одделението има капацитет од 24 кревети. Нема проблеми со персонал, направен е распоред на дежурства на лекари и сестри“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

Иако во рамите на Болницата постои и Монтажната болница со 47 кревети, таа во вој бран на ковид пандемија не е отворена, надлежните процениле дека во вој момент  не е неопходно таа да биде повторно ставена во функција.  

Во Велешката Болница денес се згрижени 67 пациенти, од нив 55 се позитивни а на кислородна поддршка се 21. Освен од велешко тука се лекуваат и пациенти од Свети Николе и Овчеполието. Изминатите седум дена во Болницата починаа 12 пациенти позитивни на ковид-19.  Во Велешко, заедно со Чашка и Градско  има активни 472 случаи.

Една седмица повторно е активирана и монтажана Болница во Кавадарци, поради напливот на пациенти. Таму денес има згрижено 31 лице а од нив 26 се на кислородна поддршка. Изминатите денови бројот на нови случаи во Тиквешијата беше повеќе од стотина на ден.

„Во Болницата се хоспитализираат  пациенти освен од Кавадарци и од Неготино, Демир Капија, Валандово. Кај нас преадаптирано во ковид центар беше невро-психијатриско одделение. Во општината има висок број на заразени и за дел од нив е потребна лекарска нега“ - рече д-р Диме Коцев директор на  Општа Болница Кавадарци. Во Кавадарци до вчера  имаше 768 активни случаи а во Неготино 259.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »