речник контакт

Во велешка Болница за 13 помалку од вчера згрижени пациенти со проблеми од корона вирусот

Нови 48 случаи на позитивни на ковид-19 и еден починат пациент од Облешево

Петар Печков

Нови 48  случаи на лица позитивни на ковид-19 од велешко и 47  оздравени . Ова е билансот за велешко  за изминатите 24 часа, кој го објави Министерството за здравство. Бројот на активни случи се искачи до 280 пациенти.

Во велешка Болница починал еден пациент, маж на 68 годишна возраст од Облешево-кочанско.

Во трите  ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се 49 пациенти, 13 помалку од вчера. Hа Инфективно  се хоспитализирани  29, на  Интерно  петмина и на Физикално 15 пациенти. Потврдено позитивен е 39, непотврдени  се двајца  и негативни се осум но со потреба од болничка нега.

„Испишани се осум пациенти со по еден негативен тест, ново примен се петмина од нив тројца трансферирани од Интерно ан Физикално  . На кислородна поддршка се 20 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол нa Општа Болница Велеc.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »