речник контакт

Во велешка Болница нема повеќе позитивни случаи на лекување со ковид-19

И натаму активни се три случаи од велешко, на лица позитивни на корона вирусот

Петар Печков

Во ЈЗУ Општа Болница Велес денес се хоспитализирани  тројца  пациенти ,сите се негативни на ковид-19, но имаат потреба од болничко лекување.  На кислородна поддршка е еден пациент.


„После година  и неколку месеци прв пат во ковид центарот  на Инфективно одделение нема позитивни пациенти“ - соопшти д-р Елеонора  Јованова , портпарол на Болница Велес.

Првите позитивни случаи со корона вирусот, ова одделение ги прими на крајот од месец март, лани. Во него се лекуваа лица освен од Велес и соседните општини и од Свети Николе, Кавадарци, Неготино и Демир капија. 

На Инфективно одделение од велешка Болница,  згрижен е еден  пациент, на Интерно одделение двајца пациенти.

Во здравствениот билтен за изминатите24 часа на Министерството за здравство, пишува дека во велешко нема, нов случај на позитивен на ковид-19, ниту оздравен. Или бројот на активни случаи е три лица. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »