речник контакт

Во велешка касарна собрани 19 крвни единици

Крводарителската акција беше по повод 15-ти април, денот кога во АРМ пристигнаа првите регрути

Петар Печков

По повод 15-ти април, Денот на велешката касарна, денот кога пристигнаа во АРМ првите регрути, се одржа крводарителска акција.  На неа  се донираа 19 крвни единици.


„Припадниците на Армијата ангажирани на служба во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“ ја докажаа нивната хуманост. Ниту Пандемијата со корона вирусот не ги спречи да даруваат крв и да спасат нечиј живот. Собраните 19  крвни единици е голем процент на армиски лица кои работат во оваа касарна и задоволителна бројка ако се има во предвид фактот дека повеќе нема војници доброволци кои секогаш беа многубројни на крводарителските акции“ - кажа Орце Николов, секретар на ОО на Црен крст Велес.

Секоја година во велешката касарна се одржуваат во просек по три крводарителски акции и Армијата дава значаен придонес за развој на крводарителството и за зачувување на здравјето на граѓаните. Акцијата како и сите останати заеднички ја реализираат Црвен крст Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »