речник контакт

Во велешка касарна собрани 20 крвни единици

Ова е трета крводарителска акција годинава, во касарната

Петар Печков



Во есенската крводарителка акција, реализирана во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ собрани се 20 крвни единици. На овој начин припадниците на Армијата и вработените,  повторно ја покажаа нивната хуманост.

Во текот на 2021 година во велешката касарна се реализираа три крводарителски акции како што тоа било  планирано и согласно Годишниот план за дарување.

Во првата во април беа собрани 19, втората во август 17. Или вкупно 56.

Сите заеднички ги реализираа Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфизиона медицина од Велес.

 фото архива

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »