речник контакт

Во велешката Болница во 2010 се родени рекордни 802 бебиња

Една од убавите работи во изминатата година се рекордно родените бебиња во велешката Болница

Петар Печков

Ова е најголема бројка во последните 10 години спoред зборовите на началникот на акушерското одделение д-р  Атанас Василев.

Еве спoредбено во 2009-тата во болницата се родиле 620 бебиња, во 2008-та 628, во 2007-та 558, во 2006-та 547,и  во 2005-та 534 родени бебиња. Но ова не значи дека сите бебиња се од Велес, бидјеќи во Болницата се породуваат родилки и од Лозово, Градско и Чашка.

Годинава како и пред четири првото бебе во новата година го чекавме два дена.

Ако бебето го чеквме два дена, тогаш првиот брак се случи неколку минути после полноќ. Колешката Ана Милевска ( тв Здрaвкин и 5 ФМ радио) му рече ДА на Славиша Ѓоргиев (од велешкиот театар) на пречекот од Новата 2011 година. честитки за младите и многу заеднички радости.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »