речник контакт

Во велешката Болница стигна компјутерскиот томограф

Толку потребниот и посакуван КТ деновиве стигна во ЈЗУ Општа Болница Велес. Oстанува тој да се инсталира а докторите што ќе работат на него стручно да се едуцираат.

Петар Печков



Дијагностиката на голем дел од болестите денес не може да се замисли без користење на компјутерски томограф. Компјутерската томографија помага за многу полесно и поточно дијагностицирање на разни заболувања како : карциноми, инфективни болести, повредите и болестите на мускулно-скелетниот систем и сл.

Компјутерската томографија користи рентгенски зраци за добивање на слики кои се обработуваат со помош на компјутер и така се добива финалната слика која му овозможува на дијагностичарот јасно да ги види сите ткива.Притоа компјутерската томографија јасно го разграничува здравото од заболеното ткиво. Изворот на х-зраците е поставен на кружна основа која ротира-се врти околу телото на пациентот кој е удобно сместен на масата, а спротивно од х-зраците се наоѓаат повеќе детектори кои го апсорбираат зракот што минува низ телото и со помош на компјутер го претвараат во слика.Тоа се вика кружна рентгенска цевка.

Денешната дијагностика на многу видови заболувања не може да се замисли без примена на компјутерска томографија.Современите томографи за само неколку секунди прават скенирање на целото тело и со тоа зрачната доза што ја прима пациентот е помала за дури 80%.Финалната слика понатаму може да се обработува тридимензионално и да се пренесе на рентген филм, ЦД, хард диск и се што може да направи дигитален запис.

Компјутерската томографија е избор на дијагностичка метода кај скоро сите малигни заболувања.Покрај дијагностицирање на примарната болест кај овие болни,се овозможува и добивање на прецизен стејџинг на болеста кој е неминовен за правилен избор на терапија.Со тоа успехот на лечење е поголем и преживувањето на болните од малигна болест е се поголем. 

Прегледите кај комјутерската томографија се сосема неинвазивни и се сведуваат само на давање венско контрастно средство и класично скенирање кое трае неколку секунди. Притоа се добива одличен приказ и на сите крвни садови во и околу органите и ткивата.Компјутерската томографија наоѓа голема примена и во дијагностиката кај децата.Со брзото и прецизно скенирање се избегнува анестезирање на најмалите пациенти а со тоа се избегнува и ризикот од истата.

Така на  пример за снимање на главата се потребни само 5-7 секунди,време за кое може да се обезбеди детето да ја задржи саканата положба со благо фиксирање на главата.Истото се однесува и за снимање на другите делови од телото. Времетраењето се движи од 5-20 секунди во зависност од тоа  дали ке  се снима само одреден дел од телото или целото тело.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »