речник контакт

Во велешки суд од почетокот на мај изречени 32 глоби за непочитување на полициски час

На обвинетите им се изречени парични казни од по 800 евра. ОЈО Велес денес побара парични казни за нови пет лица кои не почитувале полициски час

Петар Печков

Основен суд Велес, во периодот од 4-ти мај  до 18-ти мај  донел 32 пресуди, поради прекршување на полицискиот час.  Исто  на толку лица кои биле обвинети, се огласени за виновни и  им е изречени парична казна од по 40 дневни глоби по 20 ЕВРА за една дневна глоба, односно вкупен паричен износ од по 800 ЕВРА во денарска противвредност.

Сите овие лица се прогласени за виновни затоа што за време на пандемијата како епидемија од глобални размери не постапиле според прописите за забрана на движење. 

На сите им  е  издаден казнен налог со кои обвинетите се огласени за виновни за сторено кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. 

Основното јавно обвинителство Велес до Основен суд Велес денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица за кривично дело  „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.  

Обвинетите го прекршиле полицискиот час, односно спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење, биле затекнати како се движат на различни локации во часовите кога тоа е забрането - пишува во соопштението  на ОЈО Велес. 

Јавното обвинителство  од Велес предложило на Основен суд Велес,  на обвинетите да им бидат изречени парични казни во висина од по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно по вкупно 800 евра во денарска противвредност.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »