речник контакт

Во велешкиот гарнизон собрани 75 крвни единици

Петнаесетмина од дарителите за прв пат даруваа крв

Петар Печков

Припадниците на АРМ ја покажаа својата хуманост. Во голем број се одѕваа на крводарителската акција која на 22-ри Март се реализираше во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“.

Воените офицери и старешини, професионалните војници и припадниците на доброволниот состав, даруваа вкупно 75 крвни единици.

Поголем дел од дарителите или 69 беа мажи, додека останатите шест се припаднички на понежниот пол. Петнаесетмина  од дарителите за прв пат даруваа крв.

Крводарителската акција, која традиционално се одржува секоја пролет, заеднички ја реализираа Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Во ланската мартовска акција во гарнизонот „Алексо Демниевски – Бауман“ беа собрани 43 крвни единици за во текот на целата 2018-та година 284 крвни единици. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »