речник контакт

Во велешкиот спорт владеат жените

УО на Сојузот на спортови ги избра спортистите на Велес за 2010-тата година. Oдделни награди доделени по системот ниту видено ниту чуено.

Петар Печков

 

Признанието спортист на градот го доби Валерија Ваљак,член на женскиот фудбалски клуб Борец а по неа се најдоа  Игор Стефановски кајакар член на ККК Вадар а трет е ракометарот на Борец Ивица Илиев. На листата се и  4, Цветанка Петрова голман на ЖФК Борец 5. Радица Дукова член на ЖФК Борец, 6, Сашко Ивковиќ одбојкар на Борец Брако, 7.  Елена Нешова ракометарка на РК Леов Бартек  8. Диме Андов член на футсал  екипата ,,Велес,  9.  Костадин Петров велосипедист член на МВК,   10. Сандра Ноневска ОК Форшпед.

Најдобра сениорска екипа е женскиот фудбалски клуб Борец, првак на Македонија и освојувач на купот кој ги преслушуваше противниците во земјава, учесник на квалификациите во Лигата на прваците каде од  англиски Евертон загуби 10:0. Второ место е за РК Борец кој годинава како првак на Првата лига, влезе во елитното друштво, и забележа од 8 натпревари една победа. Третото место е за РК Леов Бартек кој во ланското првенство го освои 4-тото место и беше учесник на завршниот турнир во купот.  На оваа листа ја немаше женската одбојкарска екипа на Форшпед која го освои второто место во лигата и беше финалист на купот.

Тренери на годината се Тони Шопов РК Борец,  Васко Василев РК Леов Бартек и Тоше Нацев од ЖФК Борец.

Во категоријата на лица со посебни потреби победи Соња Николова државен првак во шах, за слепи лица.

Посебно признание доби атлетичарот Зоран Димов член на АК Изгрев, победник на маратонот во Ниш – Србија,  прв на трката на 100 км во Белград и прв на трката во Загреб каде за 12 часа претрча 116 км.

Изборот е извршен од страна на членовите на У.О. на Сојузот на спортови на Велес и тој веќе предизвика реакции кај спортистите за делењето на  одделни награди по системот ниту видено ниту чуено.

Претседателот на ЖФК Борец Драган Димевски му подари дрес на градоначалникот Петров со порака дека ќе седи на клупа, а сако сака да влезе во првата  екипа да почне да тренира.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »