речник контакт

Во велешкиот суд одбележан 25 октомври Европски ден на граѓанска правда (фото)

Отворен ден за посета на граѓаните. Гости учениците од Економска и Гимназија

Петар Печков

По повод 25 октомври Европски ден на граѓанската правда, во Основен суд Велес, по втор пат беше организиран  отворен ден за граѓаните. Меѓу тие што ја искористија можноста за посета беа и учениците од Средното економско училиште ,,Јовче Тесличков,, и Гимназијата ,,Кочо Рацин,,.

За нив  в.д. претседателот на судот Александар Шопов, претседателите на граѓанскиот Лидија Димова избран претседател на Основен суд Велес, кривичниот судски оддел Габриела Гајдова  и судскиот администратор Сузана Варналиева,  одржаа кратко предавање за функционирањето и работата на Основен суд Велес, кој има проширена надлежност, делокруг на работа до крајот на оваа година. 

Денес секој граѓанин можеше да го посети судот, да присуствува на судски процес, да оствари  средби со судии, да се запознае со работата на судот. Така може да се запознае со своите права како граѓанин - кажа Александар Шопов претседател на Основен суд Велес во заминување.  Во Основен суд Велес работат 16 судии, девет во граѓански и седум во кривичен оддел.   

Секој месец се одржуваат седници на работното тело,  во кои претседател е судскиот администратор а членови претседателите на оддели. На нив  се следи движењето на предметите, на тој начин се избегнува да се случи нивен застој  -рече Лидија Димова претседател на граѓанскиот оддел.

Кривичното одделение постапува од најлесните кривични дела, од телесни повреди, до најтешките, како што се убиства, даночни затајувања, силувања, педофилија.  Во зависност од тежината на делото, може да суди еден судија- поединец, во совет од тројца членови -еден судија и двајца поротници  и најтешките кривични дела постапува совет од петмина членови каде двајца се судии професионалци и тројца поротници. Гласот на сите   е поеднаков а редоследот на гласање е таков што последен гласот го дава судијата  претседател на советот. Тогаш тешко на  претседателот на  Советот да ја образложи одлуката,за која што не е убеден дека е законита и праведна, ако биде надгласан - посочи Габриела Гајдова, претседател на граѓанскиот оддел.  

Доколку не е судската служба, судиите не можат да седнат, овде во судницата и да ја одржат   расправата. Таа е составена од повеќе категории вработени - рече Сузана Варналиева  судскиот администратор. 

На учениците, гости на овој ден, 25 октомври Европски ден на граѓанска правда,  им беше овозможено да присуствуваат на судење во кривична  постапка, а потоа и да земат учество во симулација на судење, каде беа во  улога на судија, судии- поротници, обвинител, оштетен, обвинет и бранител на обвинетиот.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »