речник контакт

Во велешките хотели има слободни места за 8-ми август, по вообичаени цени

Можат да се најдат места за престој, вечерта кога во Скопје се игра Супер купот на УЕФА

Петар Печков

Во велешките хотели се уште има слободни  места за 8-ми август. Овој ден е различен од останатите оти тогаш  се игра Супер финалето на УЕФА, кога на Градски во Скопје се сретнуваат победникот на Лигата на шампионите Реал  од Мадрид  и победникот на  Евро лигата во фудбал Манчестер јунајтед.

И додека од Скопје стигнуваат информации дека хотелиерите го искористиле овој момент  и енормно ги  качиле цените,   во петте хотели во градот, сопствениците велат собите се нудат по регуларна цена и се уште има слободни места.

Хотел Мотненегро безмалку  се е полно, со регуларна цена.     Хотел  Гарденија се е полно со регуларна цена, нема покачување. Романтик -  претходно пополетно со друг настан со Грци. Хотел Брод Панини има слободни места. Мотел Македонија има уште празни соби, нема покачување. Или како што изјави сопственикот Мите Јовановски  ,,не сум се збогатил за цела година,сега  за една вечер не сакам,,.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »