речник контакт

Во велешко, заедно со Градско и Чашка вакцинирани 37 отсто од населението со прва доза

Во тек е и вакцинација на лица над 16 годишна возраст и од Министерството за здравство велат дека за нив не е потребно закажување. Во Кавадарци и Гевгелија над 50 отсто од населението вакцинирано

Петар Печков

Во велешко 37 отсто од населението е  вакцинирано барем со една доза вакцина , заштита од квоид-19. Ова е бројката која Министерството з а здравство ја објави попладнево.

Или во велшко досега вакцинирани и со прва доза се 19.673 лица а втора доза примиле 14.232 лица. Со ова жители на поширокиот велешки регион, каде влегуваат и општините Градско и Чашка е над републичкиот просек кој изнесува 32,3 отсто.

За илустрација, под Центарот за јавно здравје Велес се и општините Гевгелија со 51 отсто, Кавадарци 50,3, Неготино 47,9 или овој регион има највисок одѕив во земјава.

Еве каква е состојбата со процентот на вакцинација во поголемите градови. Битола -46,3,   Прилеп-35,7 , Охрид -48,1 Струмица- 23,1,  Тетово -22,9, Куманово- 23,7, Штип -43,1, Скопје - 34,3, Кочани -31,1.

Во тек е и вакцинација на лица над 16 годишна возраст и од Министерството за здравство велат дека за нив не е потребно закажување.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »