речник контакт

Во велешко денес 174 оздравени лица со ковид-19

Вкупно хоспитализирани во трите ковид одделенија од велешка Болница се 63 пациенти, тројца повеќе од вчера

Петар Печков

Дури 174 оздравени во велешко, откако започна да се преименува новината со која позитивните на ковид-19 се во изолација седум дена. Нови  регистрирано случаи се пет. По ова бројката на активни случаи во велешко падна од 544 на 375 лица. Починати од последиците на корона вирусот во велешко нема.

Вкупно хоспитализирани во трите  ковид одделенија од велешка Болница  се 63 пациенти, тројца повеќе  од вчера, на Инфективно 52 и на Интерно девет,  и на Физикалното двајца. Потврдено позитивни се 51, непотврдени  се шестмина и исто толку се  се негативни, но со потреба од болничка нега.

„Нема ново примени, а испишани се двајца пациенти со  еден негативен тест. На кислородна поддршка се 23 пациент“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол нa Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »