речник контакт

Во велешко во двата вакцинални пункта досега вакцинирани 16.513 граѓани

Заврши ревакцината на лицата над 70 годишна возраст која се извршуваше во УРЕД, од понеделник започнува вакцинирање на деца од 12 до 17 годни, во Велес пријавни се 79 млади

Петар Печков

Збирните информации  за масовната вакцинација во велешко, која започна  на 31 март покажуваат дека вакцинирани досеа се  16.513 лица.  Од нив со прва доза се 10.404 а со втора доза  6.109.

Од оваа бројка во пунктот во Здравен дом, каде пред некој ден заврши вакцинирањето со втора доза на лицата над 70 годишна возраст, пуштени се  1.421 вакцини „АстраЗенека“ (816) и „Синофарм“ (605) . Таму неделава се вакцинираa лица без закажан термин и за пет дена 418 граѓани  се вакцинирани со „Синовак“. 

На пунктот во спортската сала во УЗУС“ вакцинирани се 13.407  граѓани, заклучно со 7-ми јули, од нив прва доза примиле 8.983 а втора доза 4.423.

Оваа седмица  при теренската вакцинација прва доза примиле  294 лица, сите „Синовак“. 

Денес екипата од Здравен дом беше во трите села, од општина Чашка, Долно Врановци, Стари град и Извор каде се пуштени 60 вакцини, 41 во Извор, 10 во Доно Врановци и девет во Стари град.  

Понеделник теренската вакцинација продолжува во Мартолци и Оморани. Во понедлник ќе започне и вакцинација за деца од 12 до 17 години возраст. Во Велес има пријавени 79, вчера беа 70, или дополнително уште девет деца се пријавени. Понеделник дел од нив, на 16 и 17 годишна возраст 46 деца ќе примат вакцина „Фајзер“ во пунктот во Уред. Продолжува вакцинацијата и на доилките. 

Во вакциналниот пункт во спортската сала на „УЗУС“ продолжува пуштањето втора доза, но треба да дојдат голем број на граѓани кои веќе ја примиле првата доза. Во вакциналниот пункт во Уред се пушта без закажан термин.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »