речник контакт

Во велешко вчера-недела, повеќе оздравени, отколку ново заразени

Починат е еден пациент мажќ на 77 годишна возраст од Велес, кој се лекувал во Скопје

Петар Печков

Иако вчера, недела не работеа државните пунктови за  земање на брис во земјава, Институтот за јавно здравје објави дека во велешко се регистрирани 25 нови случаи, позитивни на ковид-19 а оздравени се 36 пациенти. Со ова активни се  467 случаи а досега се заразиле 4.045 лица.

Институтот  за јавно здравје објави дека има починат еден пациент од Велес, маж на 77 годишна возраст, починат е на клиниките во Скопје.  Тоа е 124 случај на лице починато поради последиците од корона вирусот, во велешко.  

Порасна бројката на лица хоспитализирани во велешка Болница. според информацијата од оваа здравствена институција, вкупно се хоспитализирани 77 пациенти,  од кои 56 се потврдени позитивни, 15 сомнителни  и шест  пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 35 пациенти. На Инфективно одделение се   42, на Интерно 12 и во  Модуларната болница згрижени се 23.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »