речник контакт

Во велешко денес има нови 64 позитивни со ковид-19, 11 оздравеле

Активни случи во велешко се 722 а во Болница има хоспитализирано 63 пациенти, 52 се потврдено позитивни

Петар Печков

Во текот на денешниот ден 64 лица од велешко се ново заразени со ковид-19, оздравени се  11 лица. Ова доцна вечерва го соопшти Министерството за здравство. Вкупниот број на активни случаи се 722 а досега имало регистрирано 1273 случаи.  


Вкупниот број на хоспитализирани пациенти во велешката Болница  е 63, од кои 11 сомнителни и 52 потврдени позитивни. 51 се сместени на Инфективното одделение, 11 на одделението за физикална медицина и 1 на интерно одделение.  Испишани тројца пациенти со два последователни негативни теста а 20 пациенти се наоѓаат на кислородна поддршка.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »