речник контакт

Во велешко денес нови 38 случаи на ковид-19, активни има 217 случаи

Многу од ново заразените се млади над 20 годишна возраст, на Инфективно одделение згрижени се 43 пациент

Петар Печков

Нови 38 лица, од велешко се позитивни на ковид-19 , оздравени има двајца,  соопштија од Центарот за јавно здравје Велес. Со ова бројката на активни случаи во велешко се искачи преку двестотни и брои  213 лица.

Вкупно заразени досега се 584 пациенти, оздравени се 343. На Инфективно одделение има 28 жители на Велес, 180  се на домашно лекување, две родилки се на ГАК и тројца се на приватна клиника во Скопје.

Деновиве имаме  бројни случаи на лица над 20 години кои се позитивни, едно тричлено семејство, едно двочлено семејство. Нема ученици, иако имаме многу млади ново заразени. Нема правило ,нема место кое може да се посочи дека е извор зараза - изјавија од Центарот за јавно здравје.

Од Општа Болница Велес информираа дека кај нив се хоспитализирани 43 пациент, четворива  се сомнителни, 39 се потврдено позитивни а 14 пациенти се на кислородна поддршка.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »