речник контакт

Во велешко денес регистрирани 42 нови случаи на позитивни со ковид-19

На Инфективно одделение има 50 пациенти а во велешко се активни 542 случаи

Петар Печков

Во велешко  денес се регистрирани 42 нови случаи на позитивни на ковид-19, оздравени се три лица. Ова се бројките кои ги соопшти Центарот за јавно здравје Велес. 

Досега во велешко имало 962 случаи со ковид-19, оздравеле 384 лица. Денес бројката на активни случаи е 542 пациенти. Од нив 44 се на Инфективно одделение, 491 се на домашно лекување,  две родилки се на ГАК, четворица велешани се на приватна клиника.

На Инфективно одделение сместени се 50 пациенти, 45 е потврдено позитивни, пет се со симптоми и  сомнителни, 16 пациенти се на кислородна поддршка.

Денес еден пациент е испишан од ова одделение со два негативни теста а еден по негово барање е префрлен на  Жан Митев клиниката.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »