речник контакт

Во велешко еден ново заразен, еден починат и седуммина оздравени од ковид-19

Бројката на активни случаи во велешко е 255, вкупно во велешка Болница се хоспитализирани 24 пациенти

Петар Печков

Министерството за здравство објави дека во велешко денес, понеделник,  има ново лице позитивно на ковид-19 и седуммина оздравени.  Со ова бројката на активни случаи во велешко е  255 а досега заразени биле 3.101.

Денес е починат  еден пациент на 72 годишна возраст,од Велес, позитивен, лекуван на Интерно одделение  шест дена. Тој е 104-та жртва на последиците на корона вирусот.  
Вкупно во велешка Болница  се хоспитализирани 24 пациенти, од кои 21 се потврдени позитивни, двајца се  сомнителни и еден пациент  е со негативен брис, но задржан на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 7 пациенти. На Инфективно одделени се  22 а на Интерно двајца пациенти. Од Болница е испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »